Почетна » Нега » Коса » Бојата на вашата круна

Бојата на вашата круна

Коса

Ретко која промена го разигрува секојдневниот одраз во огледалото како нова нијанса на косата, а блескавите прамени можат и да ви го поправат расположението.

Девет од десет жени сметаат дека постои врска меѓу нивната коса и самодовербата. Но прво откријте која боја најмногу ви одговара.
– Вратете се на бојата на коса што сте ја имале како дете, таа сигурно ќе ви прилега најприродно.

zenskolice

– Ако сакате да се обидете со боја која никогаш не сте ја имале, внимавајте на бојата на вашата кожа и очи. На луѓето со светла кожа и очи им одговараат најлуди нијанси, но погрешна темна нијанса може да ги направи постари. Оние со маслинеста и темна кожа и очи, можат да се бојадисаат потемно, но треба да ги избегнуваат многу светлите бои. А ако имате розева кожа, подобро ќе ви стојат пепелави отколку златести нијанси.
– За драматични промени, до три нијанси посветли од вашата коса, ви препорачуваме да одите во професионален фризерски салон. А и не е лошо прво да пробате перика со посакуваната боја за да бидете сигурни, зашто трајната боја тешко се вади.
– Ако ја потемнувате косата, правете го тоа постепено.
– Црвената боја може да биде е спектакуларна! Таа е меѓу најтешките бои за постигнување, па затоа избегнувајте сино-црвени бои, многу се неприродни. Кедар црвените изгледаат топло и богато на природните бринети. К`ната е уште еден начин да се добие црвеникаво-кафена боја. Ако сакате да ја тестирате бојата, направете еден прамен, и проверете дали бојата ќе биде еднаква од коренот до врвот.

rusokosa2

– Сите црнки кои сакаат да станат русокоси веројатно веќе знаат дека прво треба косата да се избланшира, а потоа да се нанесе русата нијанса. Природните блондинки, можат да стават посветли или потемни прамени за природен изглед. Знаеме дека црниот корен е во тренд, но за да се добие убава и мека варијанта, треба да се користи повеќе од една нијанса.
Сега кога сте поинформирани, можете да бидете похрабри и да се обидете, ве уверуваме дека сите ќе се вртат по вас.