Почетна » Џет сет » Музика » Бијонсе со 11 номинации за Ем-Ти-Ви наградите

Бијонсе со 11 номинации за Ем-Ти-Ви наградите

Музика

Со својот автобиографски албум „Lemonade“, дивата успеа да освои најмногу номинации за годинешното доделување на музичките награди на Ем-Ти-Ви, доближувајќи се до рекордот на Лејди Гага од 2010 година, која тогаш имаше дури 13.

Меѓу другото, таа со своето видео за „„Formation“ ќе се бори со „Hello“ на Адел, која е номинирана во седум категории, а Каније Вест доби две номинации, од кои едната за видеото на песната „Famous“.

Останатите фаворити за награди се и Ријана, Аријана Гранде, Сиа, Џастин Бибер и Келвин Харис, а доделувањето ќе се одржи на 28 август во Медисон Сквер Гарден во Њујорк.