Почетна » Љубов » Секс » Библиотека на оргазми бара донации

Библиотека на оргазми бара донации

Секс

Идејата на компанијата за сексуални производи „Bijoux Indiscrets“ од Барселона е да собере реални аудио клипови од жени кои доживуваат оргазам за тие да можат да се чувствуваат удобно со своите единствени звуци, наместо да мислат дека треба да се преправаат како актерките во порно индустријата.

Компанијата во својата кампања ја лансираше оваа библиотека затоа што статистички, седумдесет насто од луѓето во Шпанија мислат дека извиците во порно филмовите се мерило за звуците при секс.

Библиотеката за оргазми се надева дека ќе го смени тоа со изразување на различноста и чудната убавина на вистинските женски звуци, па така секоја жена која сака може да оди на нивната страница и анонимно да го сними звукот од својот оргазам, а и да ги слуша снимките од другите. Воедно, од звуците се рендерираат и прекрасни разнобојни слики кои се развиваат при секој климакс.

bijoux

Според анкетите, 52 насто од жените во Шпанија изјавиле дека глумеле оргазам, па затоа ваквите иницијативи се за поздравување, за да не ни се случи порно фантазиите да ја уништат реалноста во спалната соба.