Почетна » Дива » Култура » Бесплатен влез по повод Меѓународниот ден на музеите

Бесплатен влез по повод Меѓународниот ден на музеите

Култура

Националната галерија на Македонија и оваа година со своите активности се приклучува на чествувањето на Меѓународниот ден на музеите, а темата е „Музеите и културните предели“. Сите активности кои се изведуваат по повод 18 Мај, воедно се и дел од надлежностите и визијата на музеите кои чуваат предмети кои го претставуваат материјалното и нематеријалното наследство на одредена територија независно од нејзината големина. НГМ воедно информира дека денес музеите ќе работат со продолжено работно време, а влезот е бесплатен.

 

Во продолжение е распоредот на настаните за 18 Мај (среда)

Даут-пашин амам
13 часот, изложба на работилницата за деца под наслов „Уметникот и јас“ која традиционално се случува по трет пат. Работилницата и изложбата се проект на едукаторот Ацо Таневски.

19 часот, Годишен концерт на ДАМБУЦ Илија Николовски Луј.

Во текот на целиот ден посетителите ќе можат да ја погледаат постојаната поставка од колекцијата на Национална галерија на Македонија од XIV-XX век

Чифте амам
Отворен за посета на изложбата под наслов “Reccuring landscapes” на хрватските уметници Дамир Жижиќ и Кристијан Кожул, куратори Вања Жанко од Загреб и Ана Франговска од Скопје.

Мала станица
20 часот, БИСТА биенале на студенти по архитектура.