Почетна » Дива » Култура » Балетот „Црвената соба“ за крај на сезоната во МОБ

Балетот „Црвената соба“ за крај на сезоната во МОБ

Култура

Модерната балетска претстава „Црвената соба“ ќе ја затвори сезоната во Македонската опера и балет на 8-ми јуни. Балетот е на музика од Шубертовиот квартет бр. 14, во изведба на првенците на МОБ, по либрето на Сашо Димоски, во кореографија на Игор Киров и гостинката Мојца Мајцен од Словенија, а костимите се на Александар Ношпал. Претставата во среда е со почеток од 20 часот, а билетите се во продажба по цена од 300 денари.

Инаку, овојпат затворањето на сезоната се случува порано од вообичаено заради реконструкција на гледалиштето во МОБ. Градежните работи треба да започнат на 10-ти јуни за операта да ја пречека наредната сезона подготвена. Во новиот салон првите претстави ќе се одржат веќе во септември. Со реконструкцијата треба да се овозможи подобра акустика и удобност за посетителите.