Почетна » Рецепти » Посна храна » Баба Гануш – макало од црн патлиџан

Баба Гануш – макало од црн патлиџан

Посна храна

Ова вкусно арапско мезе се приготвува во Сирија, Либан, Палестина, Јордан, и Израел, а името значи „срамежлив татенце“ и веројатно се однесува на членови на кралскиот харем за чии гозби се приготвувал „баба гамуш“.

Состојки:

1 поголем црн патлиџан

4 чешниња лук

2 лажици тахини

2 лажици ситно исецкан магданос (или вам омилениот зачин)

сок од половина лимон

2 лажици маслиново масло

сол и бибер по вкус.

Едноставно, нам добро познатиот црн патлиџан се пече по можност на отворен оган за да го има оној мирис на чад. Нормално, ако го правите во домашни услови, прво исечете го патлиџанот на тркалца, па посолете го за да му излезе водата. Избришете го со хартиени бришачи, намастете една тава, наредете го и одгоре пак намачкајте го со масло, па ставете го да се печете во рерна на 225 степени десетина минути.

Потоа свртете ги тркалцата од другата страна и во истата тава додајте го излупениот лук и печете уште 10-15 минути додека не се зацрвени. Оставете ги патлиџанот и лукот да се изладат малку.

Во блендер или процесор за храна ставете ги магданосот и лукот и измелете ги ситно. Додајте го црниот патлиџан, па сомелете, и на крај додајте ги тахнито, солта, биберот, маслиновото масло, сокот од лимон и мешајте додека не се добие мазна смеса.

Макалото оставете го да се излади во фрижидер пред послужување. Се сервира со топло пита лепче. Уживајте.