Почетна » Дива » Култура » Азиски феномени: Улични уметнички музицираат со тапани! (ВИДЕО)

Азиски феномени: Улични уметнички музицираат со тапани! (ВИДЕО)

Култура

Иако одамна не е чудно да се види девојка зад тапаните во еден музички бенд, се уште се одушевуваме кога ќе видиме девојка со палките во раката како боженствено се снаоѓа на тронот за кој сонуваат многумина од посилниот пол.

Повозрасните ќе се присетат дека имало и бендови само од девојки како „The Bangles“ или „4 Non Blondes“, но девојки одговорни за цврстиот звук на групата имаше во „The Velvet underground“ и „The Carpenters“. Минатата декада најпозната жена во светот на удирачките инструменти беше Мег Вајт, дел од двочлениот бенд „White stripes“ кој доби две „Греми“ награди за хитот „Seven nations army“, но им го отвори патот и за уште четири други.

Сепак она на што се осврнуваме во оваа сторија е зголемената популарност на девојките кои свират на тапани во улични настапи на Далечниот Исток. Следните неколку видеа се снимени во Тајван и се здобиваат со виралност преку социјалните мрежи, а во нив уметниците како Ес Вајт, Чен Манкуинг, Канаде Сато или А-Јеон освен што демонстрираат завидна умешност со инструментите, навистина знаат да го привлечат вниманието и со својот „дрес-код“.