Почетна » Сештоманија » Феномени » Авион кој ќе лета од Лондон до Њујорк за 11 минути!

Авион кој ќе лета од Лондон до Њујорк за 11 минути!

Феномени

Сакате да скокнете преку „Големата бара“ за 11 минути? Предлог концептот е на канадскиот индустриски дизајнер Шарл Бомбардие, авионот наречен „Антипод“ кој ќе достига брзина од 24 маха, односно 25.000 километри на час.

Тоа е 12 пати побрзо од „Конкорд“, суперсоничниот авион кој лета од Њујорк до Лондон за помалку од три и пол часа, а само еден мах помалку од брзината на вселенски брод кој влегува во земјината атмосфера.

Дизајнот е на Абишек Рој, и личи на птица со кратко тело, истакнат клун и големи аголни крилја, и за да слета ќе му треба писта од 2 километри.

Бомбардие има за решавање неколку технички проблеми, во врска со звукот од соничниот удар кој ќе го предизвика овој авион над земјата, како и со големата топлина која ќе се создаде на самиот авион при толкавите брзини, а и за успорувањето на авионот од таа неверојатна брзина за да може да слета.

Бомбардие изјавил за магазинот „Форбс“ дека замислува овој елитен авион да се користи во кризни ситуации, кога мораат да се пренесат важни личности од една на друга страна на земјата за неколку часа.

За овој негов сон да стане реалност треба време, зашто ни НАСА нема изградено стабилен и сигурен суперсоничен мотор кој е потребен за да се достигне брзина од 24 маха.

Исто така, тука е и прашањето како патниците би ги поднеле парализирачките Г-сили во авионот со такви брзини. А за цената, самиот Бомбардие за „Форбс“ изјавил дека ќе биде далеку повисока од сите деловни авиони на пазарот денес.