Почетна » Рецепти » Коктели » Аристократски пијалок што ќе ве згрее во зимската ноќ

Аристократски пијалок што ќе ве згрее во зимската ноќ

Коктели

Kога денот е краток, а временските услови лоши, има ли нешто попријатно од топол дом, одбрано друштво и добар пијалак.

Во Англија , вообичаениот топол пијалак се приготвувал со јајца, млеко, вино и се пиел од дрвена чаша „ног“. Оттука и името на празничниот пијалак „ег-ног“.

Потребни состојки:

2 и пол дози бурбон (виски)
шеќер по вкус
2 дози свежо млеко
½ доза полномасно млеко
1 свежо јајце
и малку рендано оревче

Прво го мериме и сипуваме бурбон во шејкерот, па додаваме  шеќер. Потоа го ставаме свежото млеко, а потоа густото полномасно млеко. Во шејкерот кршиме и едно живо јајце, од кое пијалакот ја добива својата густина.
Следно, ставаме мраз и во чашата за послужување, и во шејкерот. Сите состојки добро ги протресуваме, околу 20-тина секунди, додека се убаво не се измеша.
Готовиот ег-ног го сипуваме во чашата претходно приготвена со мраз и одозгора рендаме малку оревче за арома. Совршениот пијалак за студените зимски вечери е готов.