Почетна » Рецепти » Главни јадења » Американска „чизбургер“ пита

Американска „чизбургер“ пита

Главни јадења

Кога сакате на домашните да им приредите вкусно изненадување кое личи на брза храна, а истовремено претставува брз и лесен оброк, оваа чизбургер пита може одлично да се вклопи во вашите планови.

Рецептот прв пат стана популарен во Америка уште во 50-тите години од минатиот век, но трпи и експериментирање во разни насоки.

Состојки:

1 лажица маслиново масло

1 ситно исечкан кромид

0, 45 кг мелено јунешко

мелен бибер по вкус

1/2 шолја сенаменско брашно

1 прашок за пециво

1/2 лажичка шеќер

1/4 лажичка сол плус зачини по вкус

2 лажици ладен несолен путер

1 шолја млеко

2 големи јајца

1 шолја кашкавал кедар (или каков што имате)

Загрејте ја рерната на 200 степени и ставете ја решетката некаде на средина. Намастете ја тавата за печење (подлабока, може тркалезна или правоаголна).

Во тавче за пржење на средна температура, загрејте го маслиновото масло. Ставете го кромидот со малку сол да се пропржи додека не почне да се вцрвува, околу 5 минути. Додајте го меленото месо со малку сол и црн пипер. Малку засилете ја температурата и пржете го со повремено мешање, додека месото не ја смени бојата, околу 10 минути. Исцедете ја течноста од месото, префрлете го месото во тавата за питата и распоредете го во рамномерен слој, па тргнете го настрана.

cp2

Со блендер или мискер измешајте ги рамномерно брашното, пецивото, шеќерот и солта, потоа додајте му го путерот, а на крајот млекото и јајцата, па убаво изматете. Истурете ја смесата врз месото во тавата за пита, и на крај одгоре распоредете го рамномерно изренданиот кашкавал.

cp3

Печете во загреаната рерна додека питата не стане златно-кафеава и додека ножот со кој сте поминале во центарот не излезе чист, околу 25 минути. Послужете ја питата топла, со зелена салата или краставица (како прав чизбургер) и уживајте.

cheeseburger_pie