дива мисла | www.diva.mk
top of page
ново дивотно
новости ново

ВНИМАНИЕ, ВНИМАНИЕ! Зборува антрополог! Ана Ашталковска е редовен професор на Институтот по етнологија и антропологија на ПМФ. - Зарем има таков Институт?! Зошто е на ПМФ? - можеби се прашувате. Без гајле, трпеливата и смирена професорка ќе ви објасни се́ што не сте знаеле дека незнаете, и не сте помислувале да прашате, со академска темелност поради која од некоја причина ќе се чувствувате задоволни од самите себе откако ќе го чуете образложувањето. Зошто? Затоа што со вложувањето на своето внимание на овој поткаст - вложувате во себе! И на крајот после сиот тој џез, како сите врсни професори - ни даде убава лекција по пристојност! Ана Ашталковска Гајтановска дојде на „Брза кучка поткастот“ да разговараме за етнологијата и антропологијата во Македонија, историјата на дисциплината, стереотипите и предизвиците со кои се соочуваат жените во оваа наука а особено на терен. Разговорот се фокусираше на значењето на истражувањето на културата и традициите, како и на влијанието на медиумите врз формирањето на јавното мислење. Се разговараше и за проблемите со кои се соочуваат жените во селските заедници, како и за важноста на емпатијата и сочувството во јавните простори. Разговорот заврши со размислување за одговорноста на медиумите и нас како индивидуи за начинот на комуникација и за односот кон другите. Важно е да се размислува за последиците на нашите зборови и дела во јавноста и да се постават граници на негативната комуникација и односите. 00:50 - Студирање етнологија во Македонија 16:50 -Обред на иницијација на Западната антропологија е да живееш во далечна култура. 25:07 - Кој го чува или треба да го чува клучот на македонското колективно сеќавање? 33:08 - Дали постои антрополог кој не бил на терен: што се случи кога нашите антрополози беа уапсени на Косово? 49:42 - Феминизам и антропологија: женска перспектива 57:25 -„Двете мои баби исто значајни но различни“ - реалната улога на жените во традиционалните заедници 01:05:07 -Зошто озборуваме? 01:14:31 - Озборување и реакции 01:21:47 - Улогата на оние кои седат во фотелји на јавното мнение 01:29:24 - Одговорноста на медиумите Белешки: Што е антропологија? Широкото поле на антропологијата го проучува „сè што е човечко“, фокусирајќи се на она што ги прави различните луѓе луѓе на нивни карактеристични начини. Кои беа две други варијанти за студирање пред да се одлучите за етнологија? Другите две варијанти беа пошироко поле од етнологија, кои ги одбивте поради стереотипите околу нив. Како се развиваат етнолошките истражувања во Македонија според историјата на дисциплината? Етнолошките истражувања во Македонија имаат долга историја, со периоди на прекини и реформи, но во последно време се обновуваат и развиваат. Кои се предизвиците на современата антропологија во Македонија? Предизвиците вклучуваат борба против стереотипите, промовирање на објективност и субјективност во истражувањата, како и надминување на детските болести на науката. Како се чуваат и анализираат теренските материјали во институтот за етнологија и антропологија? Теренските материјали се депонираат во архивот на институтот, каде што се анализираат и преработуваат за истражување и образование. Кои се предизвиците на образованието и медиумите во однос на јавните приказни и пристапот кон нив? Предизвиците вклучуваат одговорност на медиумите за промовирање на етичност и сочувство во јавните приказни, како и потребата за образование на децата и воспитување на одговорност кон јавните приказни.

увид
битно

Дива е посветена на приказните кои се месото на животот. Домашната независна култура е жедна и гладна и тука сме да и́ понудиме простор во кој може да се одомаќини. Дива е на сите. Најновиот елемент е поткаст Брза кучка, со Дива Лига од една страна а гости кои работат литература, музика, визуелни уметности, науки, живот како уметност од другата. Со институцијата, ритуалот разговор, се обидуваме да дознаеме како да стигнеме на место каде ќе бидеме среќни, и како изгледа активизмот кој ќе го постигне тоа. грррр.

галерија фотографии дива

ЛЕНИ ГЕЛЕВА: На големо задоволство на сите брзи и диви кучки, следната гостинка на „Брза кучка“ поткастот, ќе биде Лени Гелева, уметница, женски фотограф, танцувач, камерманка, филмофилка, дипломиран филолог (германски јазик и литература), заљубеник во се́ што подразбира уметноста без која нејзиниот живот (или било чиј) нема ниту смисла ниту значај. Доколку ја изгуглате ќе најдете стотици па можеби и илјадници статии во нејзината 15 годишна фотографска кариера (првата групна изложба „Душата на градот“ е во 2007-ма, а првата самостојна во 2010-та, насловена „Светот во моите очи“) но ретко кој ја викнал да разговара со нејзе, да ја чуе и непосредно. Во таа смисла, „Брза кучка“ разговорот со Лени е исклучително важен, не само за нас, туку и за - без претерување - македонската култура, но и од феминистички аспект, како женски глас, кој е толку присутен, со опсервации кои се толку проникливи и ја наоѓаат духовитоста во апсурдноста на секојдневието, но без да го исмејува или омаловажува. Разговорот на поткастот ќе биде разговор кој настанува ако не со децении во една своја форма (како дуо - Endeneu - кога си го подававме фото-апаратот во креативна игра), тогаш сигурно барем година-дена, кога разговаравме да направиме интервју, по предлог на Никола Гелевски, за „Окно“, откако Лени ја отвори својата 12-та изложба Панта Реи во КСП Центар Јадро.

брзи вести дива
Не беше се́ во зависноста.

Блејк Филдер - Цивил е задоволен од биографскиот филм за Ејми

Ќе тестира нов материјал

Шапел изненади со најава за настапи во Лондон неделава

Албарн не беше импресиониран - но беше ниту американската публика

Албарн нема никогаш да се врати на Коачела

Розеј не престанува да го трола Дрејк

Рик Рос: Нема никогаш да погодиш кој ја напиша Sicko mode

ДИВАБРЗАКУЧКА

Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.

Потребно ни е да разговараме. Да кажеме, да плетеме приказни, да го пуштиме тажниот потиштен гулаб кој ни тежи на градите…Но без грижа! ! 

Киднавме од ланецот, немирни и бесни, смели и радикални -  ќе ги кажеме нашите приказни, да се осмелиме да прашаме диреткни интимни прашања како да сме ужасно блиски - затоа што сме.  

Брза кучка бега од ланецот, кажува, зборува се осмелува, во крајна линија, бесна, добра безобразна девојка, брза кучка. 

 

Плимата ги подига сите бродови! Доаѓаме!

поткаст лектира дива
дигитален фолклор
градина
видео дива мисла
Untitled (82).jpeg
артивизам
Untitled (100).jpeg
разговори и интервјуа дива
деновиве низ град настани култура
Ѕвездан Георгиевски ќе има meet and greet на Саемот на книгата на 19-ти април

Ѕвездан Георгиевски, книжевна средба, Саем на книгата, Сала Борис Трајковски

Изложбата оди во Куманово: Мартина Спасовска ги преминува границите на визуелното преку „Гласна тишина“

Мартина Спасовска, Гласна тишина, изложба

AKTO19 во партнерство со Силата еу младите: Градот ме тера да пеам

АКТО, АКТО19, Градот ме тера да пеам, Силата еу младите, Јавни простори во движење (кон) II, Јагода бар

Доаѓа петтиот Крај Вардарот Џез, во организација на Мирко Попов и Владан Дробицки

Крај Вардарот џез, ПМГ, ПМГ Џез, Мирко Попов, Владан Дробицки

 Буква ќе биде домаќин на настанот "Поетска епизода #10" - 100 години надреализам

Кафе-книжарницата "Буква", поетско читање, надреализам

Претставата „Сликата на Кастел“ доаѓа следната недела во Оро радио галерија и бар

Сликата на Кастел, претстава, Оро радио галерија и бар

ФИЈУК ќе ја раздрма Битола со независно уметничко издаваштво и музика

Фијук саем, Битола

Музика за чудаци. Пак. Ај.

JaZzyКлуб, Џез за чудаци, концерт

Промоција на „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска

промоција, Ана Василевска, Дискретниот шарм на македонскиот филм

Дума ин сума со изложбата Неименувана ги премислува бајките

изложба, Неименувана, Дума ин сума, феминизам, женски истории

Коктели и музика: Лиминално  искуство во „Буква“

Буква, лабава лиминалност, музика, коктели

Утревечер во Салон Империјал: Половина век на ликовно творештво со Ратко Панчевски

Ратко Панчевски, изложба, КИЦ

cool trendy women's history banner (3).jpeg
cool trendy women's history banner-2 (1).jpeg
bottom of page