дива мисла | www.diva.mk
top of page
ново дивотно
новости ново

Танц со Лени Гелева Учесници:- Дива Лига (Ана Чушкова) - водителка и основач на поткастот- Лени Гелева (Наташа Гелева) - гостинка, фотографка, танцувачка, и уметница. Во оваа епизода ќе разговараме со Лени Гелева, која ниту го гледа ниту го живее животот надвор од уметноста. Тој поглед го споделува со нас преку фотографијата, јазик преку кој најдобро ја знаеме, покрај танцувањето. Како детето Наташа стана Лени, за идентитетите, за инспирациите, за сродните души и жените херои, за клупските сцени во Скопје и Берлин и патувањата: од Лондон до македонските села..Дискусијата се фокусира на искуствата на Лени како жена уметник, нејзините инспирации и процеси на работа. 01:00 - Од дете до уметник: “За почеток да продолжиме” 03:09 - Лени оди во Берлин 07:30 - Феминизмот и идентитетот: Феминизмот и другите жени 13:11 - „Ситуации кога луѓе беа збунети дали сум женско или машко“ 17:33 - Носталгија за клупската сцена 27:14 - Идентитет и фотографија 57:44 - Соработка и амбиции 01:04:04 - Домашната уметничка заедница може да научи нешто за заедништво 01:12:34 - Не сум мајка и сум скроз ок со тоа: За колумнаta на Мери Јордановска Кога „бездетната“ женска статуа би можела да проговори

увид
битно

Дива е посветена на приказните кои се месото на животот. Домашната независна култура е жедна и гладна и тука сме да и́ понудиме простор во кој може да се одомаќини. Дива е на сите. Најновиот елемент е поткаст Брза кучка, со Дива Лига од една страна а гости кои работат литература, музика, визуелни уметности, науки, живот како уметност од другата. Со институцијата, ритуалот разговор, се обидуваме да дознаеме како да стигнеме на место каде ќе бидеме среќни, и како изгледа активизмот кој ќе го постигне тоа. грррр.

галерија фотографии дива

ЛЕНИ ГЕЛЕВА: На големо задоволство на сите брзи и диви кучки, следната гостинка на „Брза кучка“ поткастот, ќе биде Лени Гелева, уметница, женски фотограф, танцувач, камерманка, филмофилка, дипломиран филолог (германски јазик и литература), заљубеник во се́ што подразбира уметноста без која нејзиниот живот (или било чиј) нема ниту смисла ниту значај. Доколку ја изгуглате ќе најдете стотици па можеби и илјадници статии во нејзината 15 годишна фотографска кариера (првата групна изложба „Душата на градот“ е во 2007-ма, а првата самостојна во 2010-та, насловена „Светот во моите очи“) но ретко кој ја викнал да разговара со нејзе, да ја чуе и непосредно. Во таа смисла, „Брза кучка“ разговорот со Лени е исклучително важен, не само за нас, туку и за - без претерување - македонската култура, но и од феминистички аспект, како женски глас, кој е толку присутен, со опсервации кои се толку проникливи и ја наоѓаат духовитоста во апсурдноста на секојдневието, но без да го исмејува или омаловажува. Разговорот на поткастот ќе биде разговор кој настанува ако не со децении во една своја форма (како дуо - Endeneu - кога си го подававме фото-апаратот во креативна игра), тогаш сигурно барем година-дена, кога разговаравме да направиме интервју, по предлог на Никола Гелевски, за „Окно“, откако Лени ја отвори својата 12-та изложба Панта Реи во КСП Центар Јадро.

брзи вести дива
Не беше се́ во зависноста.

Блејк Филдер - Цивил е задоволен од биографскиот филм за Ејми

Ќе тестира нов материјал

Шапел изненади со најава за настапи во Лондон неделава

Албарн не беше импресиониран - но беше ниту американската публика

Албарн нема никогаш да се врати на Коачела

Розеј не престанува да го трола Дрејк

Рик Рос: Нема никогаш да погодиш кој ја напиша Sicko mode

ДИВАБРЗАКУЧКА

Добредојде во "Брза Кучка" поткаст кој е овде за да ве прошета надвор од паркот на доцилните домашни кучиња.

Потребно ни е да разговараме. Да кажеме, да плетеме приказни, да го пуштиме тажниот потиштен гулаб кој ни тежи на градите…Но без грижа! ! 

Киднавме од ланецот, немирни и бесни, смели и радикални -  ќе ги кажеме нашите приказни, да се осмелиме да прашаме диреткни интимни прашања како да сме ужасно блиски - затоа што сме.  

Брза кучка бега од ланецот, кажува, зборува се осмелува, во крајна линија, бесна, добра безобразна девојка, брза кучка. 

 

Плимата ги подига сите бродови! Доаѓаме!

поткаст лектира дива
дигитален фолклор
градина
видео дива мисла
Untitled (82).jpeg
артивизам
Untitled (100).jpeg
разговори и интервјуа дива
деновиве низ град настани култура
Ѕвездан Георгиевски ќе има meet and greet на Саемот на книгата на 19-ти април

Ѕвездан Георгиевски, книжевна средба, Саем на книгата, Сала Борис Трајковски

Изложбата оди во Куманово: Мартина Спасовска ги преминува границите на визуелното преку „Гласна тишина“

Мартина Спасовска, Гласна тишина, изложба

AKTO19 во партнерство со Силата еу младите: Градот ме тера да пеам

АКТО, АКТО19, Градот ме тера да пеам, Силата еу младите, Јавни простори во движење (кон) II, Јагода бар

Доаѓа петтиот Крај Вардарот Џез, во организација на Мирко Попов и Владан Дробицки

Крај Вардарот џез, ПМГ, ПМГ Џез, Мирко Попов, Владан Дробицки

 Буква ќе биде домаќин на настанот "Поетска епизода #10" - 100 години надреализам

Кафе-книжарницата "Буква", поетско читање, надреализам

Претставата „Сликата на Кастел“ доаѓа следната недела во Оро радио галерија и бар

Сликата на Кастел, претстава, Оро радио галерија и бар

ФИЈУК ќе ја раздрма Битола со независно уметничко издаваштво и музика

Фијук саем, Битола

Музика за чудаци. Пак. Ај.

JaZzyКлуб, Џез за чудаци, концерт

Промоција на „Дискретниот шарм на македонскиот филм“ од Ана Василевска

промоција, Ана Василевска, Дискретниот шарм на македонскиот филм

Дума ин сума со изложбата Неименувана ги премислува бајките

изложба, Неименувана, Дума ин сума, феминизам, женски истории

Коктели и музика: Лиминално  искуство во „Буква“

Буква, лабава лиминалност, музика, коктели

Утревечер во Салон Империјал: Половина век на ликовно творештво со Ратко Панчевски

Ратко Панчевски, изложба, КИЦ

cool trendy women's history banner (3).jpeg
cool trendy women's history banner-2 (1).jpeg
bottom of page